Кирил Јанчовски, пациент со трансплантиран бубрег: Трансплантацијата ми го промени животот и перцепцијата за луѓето

Вечерта на 20 Ноември 2018- та добив повик од Клиниката за нефрологија дека по направените анализи на повеке пациенти, јас сум компатибилен со бубрегот на починатиот пациент. Во тој збунувачки момент јас немав можност за никаква психичка подготовка од причина што не очекував дека некогаш ќе го добијам тој повик. Сепак ја прифатив понудената шанса  операцијата и рехабилитацијата помина во ред, за што сум бескрајно благодарен на фамилијата на мојот донор што ми го спасија  животот

Кирил Јанчовски ја доби својата втора шанса за живот на 21 ноември 2018 година кога благодарение на починат донор, доби бубрег и започна да живее нормален живот одделен од машините за дијализа. Со Кирил разговаравме за неговиот живот пред и по трансплантацијата, за борбата со болеста, но и за благодарноста и шансата за нов живот. „Перспективата кон луѓето ми се промени значително многу по трансплантацијата. Сфатив дека постојат луге и фамилии кои што во најтешките моменти во животот се спремни да помогнат на непознат човек и да спасат живот, односно да го направат најголемиот чин на човекољубие. Ова е одлика само на големите луге, вели Кирил.

Трн: Раскажи ни ја твојата приказна до трансплантацијата и после? Каков беше животот пред и каков е сега?


Кирил: Јас се трансплантирав на 21 ноември 2018-та година на Клиниката за урологија. Би можел да ја поделам приказната пред и потоа. Во почетокот на 2016- та при рутинска лабораторија ми се покажаа првите знаци на проблем со бубрезите односно покачена уреа во урина и бев веднаш препратен на Клиниката за нефрологија. Сакам да напоменам дека во ниеден момент јас не почувствував болка па по тој основ да би направил некои подетални анализи. Повекето болки во бубрезите кај пациентите се појавуваат поради камен, песок во бубрезите или некоја инфекција. На клиниката за нефрологија веднаш ми беше извршена биопсија при што ми беше дијагностицирана автоимуна болест -ИГА ефропатија. Иако со оваа болест постојат и луге кои што го поминуваат целиот живеат, моето искуство беше комплетно спротивно односно болеста ми беше брзо прогресирачка и за една и пол година се најдов на дијализа, бидејки моите бубрези престанаа да работат и со тоа престанаа да ја филтрираат крвта од сите штетни материи и течности. Отпочнувањето на дијалзиата за мене претставуваше голема борба, бидејки веднаш ми се појавија големи болки во коските и бев принуден да се движам со количка. Дијализата е процес каде што на секои два дена мора да се посети дијализниот центар, со цел машината да ја филтрира крвта на пациентот во рок од 4 и пол часа, нешто што бубрезите би го сработеле за 48 часа. За подобро да ме разберат читателите би дал еден пример, на дијализа е најбитна сувата тежина односно тежината кога организмот има минимална количина на течности, значи за 4 часа тежината на пациентот се намалува до 4,5 килограми што преставува шок за организмот секои два дена, и тоа е начин на кој што треба да се прифати како секојдневие. Целиот живот е подреден на дијализата, не смее да се пропушти и за време на дијализата пациентот не може да се движи или поедноставно кажано дијализата е затвор без решетки. 

Трн: Кажи ни нешто за процесот на чекање на орган, колку време  траеше  и какви емоции имаше во тој период?

Кирил:  Во моментот кога дознав за болеста или кога веке прифатив дека ја имам, почнавме испитување со мојата мајка дали би можела да ми биде донор. По направените десетици анализи каде што сите резултати беа во ред, сепак лекарскиот тим одлучи да се направи биопсија на бубрезите на мојата мајка, при што и беше дијагностицирана склероза на бубрези и тоа значеше само едно, дека не смее да ми биде донор на бубрег. Во тој момент бев тотално разочаран бидејки немав излезно решение за мојата состојба и отпочнав со дијализата. Но каква и да беше мојата состојба во тој момент, морав да ја прифатам и да продолжам да се борам понатаму бидејки тоа им го должев на моите деца и на моите блиски.

Трн: Како течеше подготовката за твојата трансплантација? Како изгледаше процесот денешна перспектива?

Кирил: Вечерта на 20 ноември 2018- та добив повик од Клиниката за нефрологија дека по направените анализи на повеке пациенти, јас сум компатибилен со бубрегот на починатиот пациент. Во тој збунувачки момент јас немав можност за никаква психичка подготовка од причина што не очекував дека некогаш ќе го добијам тој повик. Сепак ја прифатив понудената шанса операцијата и рехабилитацијата помина во ред, за што сум бескрајно благодарен на фамилијата на мојот донор што ми го спасија  животот.

Трн: Твојот бубрег го доби од почнинат дарител. Колку тоа ја смени твојата перцепција за светот и за луѓето? Како се чувствуваш во поглед на фактот дека трансплантираниот бубрег доаѓа од починат донор?

Кирил: Перспективата кон луѓето ми се промени значително многу. Сфатив дека постојат луге и фамилии кои што во најтешките моменти во животот се спремни да помогнат на непознат човек и да спасат живот, односно да го направат најголемиот чин на човекољубие. Ова е одлика само на големите луѓе.

Трн: Како влијаеше трансплантацијата на твоето ментално здравје? Дали се чувствуваш благодарен за новата шанса за живот?

Кирил: Комплетно сум благодарен на оваа можност повторно да водам квалитетен живот и да допринесам социо економски во мојата држава.

Трн: Какви препораки би имале за другите пациенти кои чекаат трансплантација на бубрег?

Кирил: Да не губат надеж, да ги направат сите испитувања за да станат дел од листата за чекање на трансплантација на орган и да го очекуваат повикот. 

Трн: Како гледaш на важноста на донорството на органи? Што би посакале да се промени во однос на свеста за донорството во вашата заедница?

Кирил: : Сите ние како општество треба да се стремиме да го достигнеме нивото на Хрватска, каде листата за чекање на трансплантација е минимална и донирањето органи е нормална работа. Со секоја трансплантација се спасува живот, се враќа довербата во здравството и би сакал да споменам дека финансиски една трансплантација го чини Фондот за Здравство исто колку пацинетот да оди на дијализа една година, со што се заштедуваат многу средства кои би можеле да се искористат за подобрување на здравствените услуги за граѓаните. Единствено сакам да ја подигнам свеста за органодарителството, почнувајки од мојата лична приказна која сакам да ја пренесам на што поголем аудиториум и доколку мојата приказна успее да убеди барем една фамилија да донира органи ќе сметам дека сум успеал во мојата цел.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни