Кина влезе во годината на змијата

На полноќ во средата (17 часот во вторник по средноевропско време), Кина влезе во Годината на змијата и започна долгата прослава на Лунарната Нова Година.

Кинеската Нова година, позната и како Пролетниот фестивал, се заснова на традиционалниот лунарен календар и затоа се одржува на различен датум секоја година, на крајот на јануари или на почетокот на февруари.

Се слави и во други азиски земји како Виетнам, Сингапур, Јужна Кореја, Малезија, Тајван и Индонезија.


За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места. Кинеското Министерство за транспорт очекува околу 510 милиони патници со железница и 90 милиони со авион оваа година.

На многу места се слави со огномет, а во поголемите со дронови. Кинезите ги следат прославите и дома, на телевизија, а ова важат за најгледани програми во светот.

Кина излегува од Годината на змејот и влегува во Годината на змијата, која во својата традиција претставува мудрост, интуиција и приспособливост, пишува агенцијата dpa.

Симболот на змејот е еден од најпопуларните меѓу Кинезите, па многу родители имале цел нивните деца да се родат во тој знак. Во Годината на змијата често се забележуваат помалку раѓања, пишува dpa.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни