Kaspersky: Roblox се користи за сајбер напади

Kaspersky во пресрет на Денот за побезбеден интернет објави дека само во 2024 година открил повеќе од 1,6 милиони обиди за сајбер напади маскирани како датотеки поврзани со една од најпопуларните платформи за игри – Roblox.

Со милиони активни корисници секој месец, Roblox стана дигитално игралиште каде децата ширум светот се поврзуваат и истражуваат извонредни дигитални светови.

Содржината генерирана од корисниците на платформата ја прави идеална средина за креативност, но и за злоупотреба.

Бидејќи многу гејмери ​​активно бараат начини да го приспособат своето искуство со игри, тие честопати несвесно преземаат малициозни датотеки што ја загрозуваат нивната безбедност, се вели во соопштението.

Огромната популарност на играта меѓу помладата публика ја претвори во профитабилно ловиште за сајбер криминалци кои кријат малициозен софтвер во модови, измами или генератори на бесплатна валута во играта.

Во текот на 2024 година, Kaspersky регистрирал 1.612.921 напади маскирани како датотеки поврзани со играта Roblox, со најголем број на напади регистрирани во август – 179.286, по што следат септември – 160.116 и октомври – 151.638.

Една од најчестите измами во игрите е понудата да се добие валута во играта.

Во една од откриените измами, од корисникот се бара да го внесе својот ID или корисничко име и да ја избере саканата платформа – Android, iOS, Windows, PlayStation, Xbox или Nintendo, создавајќи илузија на официјална мултиплатформска алатка.

Под него, лажен тракер за активности прикажува неодамнешни трансакции од наводни играчи кои веќе добиле robux, што дополнително го зајакнува кредибилитетот на измамата.

Откако играчот ќе продолжи, од него се бара да завршат различни задачи за „верификација“ или анкети за да добијат награда, која би можела да биде нов iPhone, PlayStation.

За да ја добие наградата, играчот мора да плати за испорака, а откако ќе ја изврши уплатата, жртвата ги губи парите и не ја добива наградата, предупредува Касперски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни