Младинска бура од Тузла: „Karton revolucija“ – гласот што не бара дозвола

Движењето „Karton revolucija“ ја претвори немоќта во стратегија и го врати смисолот на зборот „граѓанин“.

Во земја во која навиката да се премолчи неправдата трае подолго од секоја власт, група млади од Тузла решија да не бараат повеќе дозвола да зборуваат.

Го нарекоа своето движење „Karton revolucija“ – симболично, по најевтиниот материјал што можеш да го најдеш на улица, но и по неговата тишка цврстина кога ќе стане штит.Она што почна како спонтан протест против негрижата на институциите, за неколку години стана најенергично младинско движење во Босна и Херцеговина.

На Инстаграм ги следат десетици илјади луѓе, но нивното влијание не се мери во бројки – туку во тоа колку често успеваат да ја натераат јавноста да се вклучи, да се помрдне, да реагира.

„Не сме партија, не сме проект, не продаваме надеж. Ние само не сакаме да се правиме дека ништо не се случува,“ велат членовите на движењето.

Нивната сила не е во револуционерните пароли, туку во јазикот на секојдневниот бунт: јасни пораки, директни акции и упорност без медиумски спектакл.

„Karton revolucija“ не глуми револуција – тие ја вежбаат.

Во секој транспарент, во секој извлечен проблем, во секоја објава на Инстаграм што ја погодува нервот на јавноста. Во време кога многумина се повлекуваат во тишина, тие ја користат секоја платформа за да покажат дека отпорот не мора да биде голем за да биде вистински.

Доволно е да е чесен.И можеби токму затоа „Karton revolucija“ стана пример за новата генерација на Балканот — онаа што не сака да се „промовира“, туку да поправи нешто што никој повеќе не гледа како свое.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни