Од денес до петок продолжува топлото време, со најава за промени на временската состојба по петок. Утре, Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во наредните три дена од среда продолжува топлото време. Сончево и топло со мала локална облачност во среда. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Минимална температура ќе изнесува од 10 до 19, додека максималната температура од 29 до 37 степени.
Во четврток ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Минимална температура: 11 до 20 степени, а максималната температура од 31 до 37 степени.
Минимална температура од 10 до 20 степени, а максимална температура од 27 до 34 степени во петок. Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во северозападните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.