Како меѓународните изложби трансформираат градови низ светот

Меѓународни изложби веќе 170 години ги менуваат градовите.Еден од најраните примери за оваа трансформиралачка моќ е Париз, каде Ајфеловата кула, изградена за EXPO 1889, стана симбол на градот и цела Франција.


Меѓународните изложби веќе 170 години трансформираат градови низ светот, носејќи подобрување на инфраструктурата, зголемување на туристичкиот промет, отворање нови работни места и зајакнување на меѓународната позиција на земјата-домаќин. Светските и специјализираните изложби организирани под покровителство на Меѓународнотот биро за изложби не биле само прилики за прикажување на иновации, туку често ги означувале клучните точки во развојот на градовите кои ги угостиле.

Еден од најраните примери за оваа трансформиралачка моќ е Париз, каде Ајфеловата кула, изградена за EXPO 1889, стана симбол на градот и цела Франција. Иако првично беше сметана за привремена конструкција, денес таа е неизбежна туристичка атракција која носи значителни приходи, зацврстувајќи го статусот на Париз како светска престолнина на културата и уметноста.

Светската изложба во Чикаго 1893 година го трансформираше градот преку спектакуларни згради и долгорочни урбани проекти. Институции како Музејот за наука и индустрија и Институтот за уметност, кои произлегле од оваа изложба, и понатаму го обликуваат културниот живот на градот. Оваа манифестација исто така значително допринесе за развојот на американската архитектонска школа и ја инспирираше урбанистичката проекти во наредните децении.

Изложбата „Century 21“ одржана во Сиетл 1962 година ја покрена технолошката раздвиженост. „Вселенска игла“, футуристичка кула изградена за оваа прилика, стана симбол на градот и неговите технолошки амбиции. Денес привлекува милиони туристи, играјќи клучна улога во економскиот и културниот живот на Сиетл.

EXPO 2010 во Шангај ја означи пресвртната точка во кинеската урбана и економска трансформација. Кинескиот павилјон, денес најголемиот музеј на уметност во Азија, симболизира културната моќ и креативност на Кина. Оваа изложба го зацврсти Шангај како глобален центар и постави темели за идни проекти во областа на архитектурата, културата и инфраструктурата.

Специјализираната изложба одржана во Астанa 2017 година донесе градот низ низа значајни инфраструктурни проекти. Градот стана побогат за спектакуларен музеј, меѓународен финансиски центар, најголемиот научно-технолошки парк во регионот и ИТ универзитет, додека повеќе од 50.000 луѓе најдоа дом во новоизградените населби. Астана, една година по својата Специјализирана изложба, влезе меѓу десетте најпосетувани туристички дестинации. Во исто време, директни странски инвестиции ја надминаа сумата од седум милијарди долари.

Деценија по Астана, Белград ќе стане домаќин на Специјализираната изложба, прва на овие простори на Западен Балкан и единствена во последните 10 години. Како Астана, Белград претставува регион кој досега не бил домаќин на настан од ваков обем и меѓународно значење. Не е изненадување што се очекува бројот на посетители за време на EXPO да го надмине 4 милиони.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни