Израел одбива да го ослободи популарниот палестински лидер Марван Баргути

Израел одбива да го вклучи палестинскиот лидер Марван Баргути во размена на затвореници со Хамас, и покрај притисоците. Баргути е клучна фигура за можно палестинско обединување.

Изминаа речиси 24 часа од стапувањето на сила на примирјето помеѓу Израел и Хамас, постигнато со посредство на САД и одобрено од израелската влада претходно оваа недела.

Извор од Хамас тврдат дека Израел заменил 100 имиња на списокот на затвореници што требаше да бидат ослободени. Хамас бара ослободување на истакнати палестински затвореници, кои не се на оригиналниот список. Хамас има рок од 72 часа да ги ослободи сите израелски заложници.

Во меѓувреме Палестинците се враќаат од југот на Газа во своите домови, но многу од нив веќе не постојат. NICEF соопшти дека хуманитарната помош сè уште не е влезена во Газа; стотици камиони чекаат на граница

Израел одбива да го ослободи Марван Баргути

Најпопуларниот палестински политички лидер, Марван Баргути, нема да биде ослободен како дел од договорот за размена на затвореници меѓу Израел и Хамас. 66-годишниот Баргути, лидер на Фатах – главниот политички ривал на Хамас – се смета за можно обединувачко лице на палестинскиот народ и потенцијален наследник на претседателот Махмуд Абас.

Според изјавата на висок претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, за Al Jazeera, Хамас инсистира на негово ослободување. Но, Израел категорично го одбива, етикетирајќи го како терорист.

Аналитичарите сметаат дека вистинската причина за одбивањето можеби лежи во стравот од политичката моќ на Баргути. Иако ја поддржува борбата против окупацијата, тој исто така се залага за решение со две држави – став кој би можел да го направи клучна фигура за обединување на фракциите и постигнување долгорочен мир.

Кој е Марван Баргути?

Роден е на Западниот Брег, лидер на студентски протести против израелската окупација во 1980-тите. Организатор е на Првата Интифада (1987) и протеран е во Јордан, но се враќа во 1990-тите и станува лидер на Фатах на Западниот Брег. Израел го обвини дека стои зад напади како водач на Бригадите на мачениците од Ал-Акса, поврзани со Фатах. Во 2004 година осуден на доживотен затвор за поврзаност со напади во кои загинаа петмина. Од затвор, го предводел најголемиот штрајк со глад на палестински затвореници, барајќи подобри услови

Во една колумна за The Washington Post во 2002 година, Баргути напиша:

„Не сум терорист, но не сум ни пацифист.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни