Изминатиов јули е вториот најтопол месец некогаш забележан

Фото: FreePik

Јули 2024 година е вториот најтопол јули и вториот најтопол месец некогаш забележан, објави Коперникус, агенцијата за климатски промени на ЕУ.

Во јули 2024 година, глобалната просечна температура изнесуваше 16,91 степени Целзиусови, 0,04 степени пониско од просечната температура минатиот јули, моментално најтоплиот месец во историјата. До јуни, просечните месечни температури го соборовуваа рекордот за најтопол месец.

„Низата на рекордни месеци е прекината, но само за малку“ вели заменик директорката на Коперникус, Саманта Брџес.

„Целокупниот контекст не е променет, нашата клима продолжува да се загрева. Разорните ефекти од климатските промени започнаа многу пред 2023 година и ќе продолжат додека глобалните емисии на стакленички гасови не достигнат нето нула“ додаде таа.

За периодот од август 2023 година до јули 2024 година, просечната глобална температура била 1,64 степени Целзиусови над просекот од прединдустрискиот период, покажуваат податоците на Коперникус.

Земјата ги доживеа своите најтопли денови во јули, со дневна глобална просечна температура од 17,16 и 17,15 степени на 22 и 23 јули.

Просечната европска температура во јули ја надмина просечанта вредност за месецот од 1991 до 2020 година за 1,49 степени, што  го прави најтопол јули откако постојат мерењата во Европа.

Според извештајот, температурите воглавно биле над просекот во јужна и источна Европа, но блиску или под просекот во северозападна Европа.

Климатскиот сервис на ЕУ, Коперникус редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, ледената покривка и нивото на врнежи. Нивните податоци се темелат на компјутерски генерирани анализи кои вклучуваат огромен број на извори од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици ширум светот.

Извор: ХРТ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни