Изложбата ја организира Македонското еколошко друштво (МЕД), со цел да го приближи овој мистичен и загрозен вид до пошироката јавност и да ја подигне свеста за неговата заштита.
„Со оваа изложба сакаме да ја истакнеме важноста од зачувувањето на балканскиот рис, кој претставува еден од симболите на дивата природа на нашиот регион, но и еден од најзагрозените цицачи во Европа“, велат организаторите.
Посетителите ќе имаат можност да видат фасцинантни фотографии од рисови фатени од фото-замки во нивното природно живеалиште, дел од долгорочните истражувања и мониторинг на овој вид.
Настанот е отворен за сите љубители на природата, фотографијата и биолошката разновидност. МЕД ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат и да дознаат повеќе за светот на балканскиот рис и напорите за негова заштита.