Изложба на Сашо Стојановски на Skopje Drum Festival 2024

Сашо Стојановски е дипломиран џез тапанар кој е активен повеќе од 20 години на македонската музичка сцена

На 3 ноември во МКЦ, Сашо Стојановски и SS Custom Drums ќе се претстават со изложба на Skopje Drum Festival 2024.

Сашо Стојановски е дипломиран џез тапанар кој е активен повеќе од 20 години на македонската музичка сцена. Желбата за тапаните му се раѓа уште во најрана возраст, кога е фасциниран од нивната функционалност. Желбата за сопствен инструмент никогаш не згаснала кај него, а како тинејџер го добива и првиот професионален сет, што го означува почетокот на неговото сериозно патување во музиката.

Има настапувано со голем број на домашни и странски артисти, во земјава ѝ надвор од неа. Тој е еден од ретките кај нас кој се занимава со изработка и репарирање на тапани.

Го има создадено првиот хибриден сет на тапани во нашата држава под брендот SS Custom Drums, чија идеја идеја е инспирирана од неговиот син Филип кое е весело дете со успорен психомоторен развој со силно развиени емоции и љубов кон околината и семејството.

Целиот овој проект освен што има конструктивна уметничка цел, за Сашо има и идеолошка цел која се однесува на подигнување на свеста во нашето општество, за да им се посвети повеќе внимание на сите посебни дечиња.

Како инструменталист има остварено повеќе музички соработки и изданија со домашни артисти од поп, рок и џез сцената. Како најзначајно издание за него е и неговиот прв авторски албум “SS Project” во кој се јавува како автор и аранжер, насловен како “Different”.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни