Излезе од печат научнофантастичната новела „Денот кога се сетивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Излезе од печат научнофантастичната новела „Денот кога се сетивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ – Константинов

Излезе од печат научнофантастичната новела „Денот кога се сетивме да плачеме“ од Магдалена Стојмановиќ – Константинов. Рецензенти на книгата се проф. д-р Анис Сефиданис и Бранко Прља.

Како што велат од Мој збор, „Денот кога се сетивме да плачеме“, претставува тематско, но не и хронолошко продолжение на успешната збирка раскази „Денот кога заборавивме да плачеме“.

„Новелата е структурално поделена во два паралелни хронолошки прикази. Првиот е длабока рефлексија на сегашноста и надворешните социјални чинители кои го градат човековиот идентитет и модел на однесување. Вториот е сместен во иднината, во време кога човекот веќе не изгледа и не размислува како денешниот, туку станува производ на имагинацијата на вештачката интелигенција, која креира приказни за забава на идното антрополошко наследство. Дејството почнува со раѓањето на дете, од кое се развиваат главните ликови – мајката Викторија и таткото Марко. Нивните животи се раскажани низ паралелни психолошки профилации, интимни случки и внатрешни монолози кои создаваат впечаток на свесоскопија на човековите доживувања. Авторката го прикажува истовремено и женскиот и машкиот психолошки корпус, сè до клучниот пресврт во вториот дел од книгата: откритието дека ликовите се создадени како дел од вежба на хуманоиди кон средината на овој век. Епилогот повторно го враќа вниманието кон бебето – почетната и крајната точка на дејството – чија судбина, преку ликот на возрасниот Луцио, останува или откриена или дополнително мистифицирана, оставајќи му на читателот простор за сопствена интерпретација“, наведува Мој збор.

Со „Денот кога се сетивме да плачеме“, Магдалена Стојмановиќ – Константинов ја продолжува својата книжевна визија која ја истражува кревкоста и генијалноста на човековата природа, овој пат низ призма на научната фантастика и футуристичкиот наратив. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни