Според студијата на професорката Сузан Браун, бројот на разводи кај оваа возрасна група пораснал од 8,7% во 1990 година на дури 36% во 2019 година.
Како еден од клучните фактори се издвојува прашањето на долготрајната нега и здравствените проблеми. Жените често се соочуваат со сознанието дека брачниот живот може да значи и голема одговорност за грижа на болен сопруг, што во многу случаи ја носи одлуката за прекин на бракот, пренесува Daily Mail.
Покрај тоа, финансиската независност на жените, подолгиот животен век и фактот што по заминувањето на децата од дома паровите сфаќаат дека повеќе немаат многу заеднички работи, дополнително го поттикнуваат трендот.
Истражувањето укажува и на важна генерациска промена: Baby Boomers генерацијата, која и во младоста полесно влегувала и излегувала од бракови, има поголема склоност кон разводи и во зрелата доба – многумина дури и по втор пат.
Последиците од овие разводи не ги чувствуваат само поранешните партнери. Студија во Германија покажала дека најчесто се намалува контактот и емоционалната блискост со татковците, додека односите со мајките се продлабочуваат.