Но, наместо срам и крај на кариерата, падот стана пресвртница. Тој момент ѝ донесе зголемена популарност и бран понуди од дизајнери кои, верувале или не – ја молеле тоа да го повтори.
Потпетиците кои ги носеше – во силна сина боја, изработени од имитација на крокодилска кожа, со свилени врвки околу глуждовите – денес се изложени во Музејот Викторија и Алберт во Лондон. Внатре, на ѓонот, со сино пенкало стои напишано нејзиното име: „Наоми“.
Кембел го прифати падот со насмевка. „Никој не се помести, никој не мрдна мускул“, рече во гостување кај Дејвид Летерман. „Само кога почнав да се смеам, се насмеаја и тие.“
Подоцна објасни дека проблемот не биле само високите потпетици, туку гумените бели чорапи во кои не ги чувствувала стапалата. Самата Вествуд се согласи: „Тие чорапи беа виновни. Бедрата ти се триеја едно од друго и почна да се нишаш… и падна, како газела.“
По падот, Кембел отиде зад сцената, ги соблече чорапите, доби стап за потпирање (што не го користеше) и повторно излезе на пистата. Следниот ден со своите пријателки, моделите Кејт Мос и Линда Еванџелиста, купуваше британски весници во Париз – смееејќи се на насловните страници со фотографии од нејзиниот пад, чекор по чекор.
Платформите што ги носеше сега се меѓу најпознатите експонати во музејот. Кураторката Елизабет Мари објасни дека тие веднаш го препознале моментот како „историски“. Дури и кралицата Елизабета Втора, кога ги видела, рекла дека не е чудо што Кембел паднала. Војводата од Единбург додал: „Изгледаат како штули!“
Покрај потпетиците, и остатокот од изгледот на Кембел – розовото перјано боа и килтот инспириран од Шкотска – доби култен статус. Тартанот, ткаен специјално за Вествуд, е регистриран во Шкотскиот регистар на тартани, каде е наведено: „Наоми Кембел го носеше овој тартан за време на нејзиниот славен пад на писта.“
Магнети со нејзиниот пад се продаваа во продавницата на музејот (и брзо се распродадоа), а Кембел ги носеше повторно токму тие ципели во емисијата на Џонатан Рос во 2013 година – овојпат без пад.
„Тој пад е дел од мене. Во ред е. Луѓето грешат. Најважно е да станеш и да продолжиш“, изјави Наоми Кембел за изложбата во нејзина чест, организирана од Музејот Викторија и Алберт.
И на крај – дали би паднала повторно за публиката? „Апсолутно не. Тоа е против сè за што се залагам“, раскажа Вествуд во интервју.
Но светот никогаш нема да го заборави моментот кога падот стана симбол на триумф.