Инвазија на „смрдливи бубачки“: Еве како да ги избркате од вашиот дом!

Смрдливите бубачки сѐ почеста напаст во домовите! Дознајте природни и практични начини како да се заштитите и да ги спречите да навлезат во вашиот дом.

До неодамна смрдливите бубачки беа сезонски посетители, но сега ги има речиси цела година. Ви здосадија овие натрапници кои влегуваат во облеката, се кријат под креветот, зујат навечер, а кога ќе ги здробите – ја исполнуваат просторијата со непријатна миризба?

За жал, прогнозите не ветуваат намалување на нивниот број – напротив, поради климатските промени, тие стануваат сѐ почести, особено во октомври, кога масовно бараат топли засолништа.

Како да се справите со нив?

Нема ефикасни хемиски препарати за употреба во домот. Останува само физичка борба – да ги соберете и исфрлите без да ги згмечите.

Добрата вест: не се опасни за луѓето – не касаат и не се хранат со човечка храна. Единствено што бараат е темно и топло место каде ќе презимат.

Смрдливи бубачки и земјоделството

Иако не се опасни за луѓето, за земјоделството се сериозна закана. По зимувањето, на пролет ги напаѓаат речиси сите растенија – ги боцкаат плодовите и ги прават непогодни за пазар. Оставaат дамки и предизвикуваат брзо скапување на овошјето и зеленчукот.

Совети за есенска заштита:

1. Затвори ги сите отвори
Запти ги прозорците, вратите, вентилациите и сите пукнатини со силикон. Провери ги мрежите на прозорците – смрдливците минуваат низ мали отвори.

2. Користи природни средства

  • Етерични масла од лаванда, чајно дрво или нане – направи спреј и прскај ги рабовите.
  • Сапуница – ако ги најдеш дома, потопи ги во кофа со вода и детергент.
  • Оцет + вода – за чистење на површини кои ги привлекуваат.

3. Намалете надворешно осветлување
Смрдливите бубачки ги привлекуваат светлина и топлина, особено жолтата светлина. Исклучувај ги надворешните светилки навечер.

4. Не ги усисувај!
Мирисот ќе остане во правосмукалката. Наместо тоа, собери ги со хартиена марамичка и фрли ги во WC или надвор.

5. Инсектициди – само ако мора
Користи ги исклучиво оние безбедни за затворен простор. Во градина – препарати за домати, лешници и други растенија што ги привлекуваат.

Бонус совет за градината:

Побарај и уништи јајца на долната страна од листовите – изгледаат како мали зелени топчиња наредени како билјард топки.

Хемиско уништување не е ефективно, дури и кога е професионално направено. Најефикасен начин е превенција: затворање на сите можни влезови и редовно отстранување на бубите без да ги згмечиш.

Кога еднаш ќе влезат – останува само вештина и стрпливост за да ги фатиш и избркаш без непријатен мирис.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни