Интересни факти за Сикстинската капела – местото каде ќе се избира новиот папа

„Додека не ја видите Сикстинската капела, немате вистинска претстава за тоа што е човекот способен да постигне,“ рекол Јохан Волфганг Гете.

По завршувањето на деновите на жалост по смртта на папата Франциск, ќе започне процесот за избор на новиот поглавар на Римокатоличката црква. Колегиумот на кардиналите, наречен конклава, ќе гласа во Сикстинската капела во Ватикан, под строги услови на тајност.

Кога не е место каде што се носат едни од најважните одлуки во христијанскиот свет, Сикстинската капела, како што кажува и нејзиното име, е богомолна, но и дел од Ватиканскиот музеј, кој годишно го посетуваат околу шест милиони луѓе и во кој се наоѓаат некои од ремек-делата на ренесансната уметност, пишува BBC.

Интересни факти за Сикстинската капела:

Микеланџело бил дете кога била нарачана изградбата на капелата
Микеланџело имал само пет години во 1480 година кога папата Сикст IV ја нарачал изградбата на Сикстинската капела како дел од неговите напори за величење на Ватикан.

Посетителите влегуваат на „погрешна“ врата
Туристите влегуваат во капелата низ мала врата веднаш до олтарот – всушност преку делот што бил резервиран за свештеници.

Сикстинската капела е изненадувачки мала
Иако содржи 3.600 квадратни метри осликана површина и е огромно културно и духовно значајна, самата капела е долга само околу 40 метри, широка 13 и висока 20 метри.

Микеланџело бил вајар кој бил принуден да слика
Иако бил чирак кај фрескосликарот Доменико Гирландајо, Микеланџело бил познат вајар – особено по својата скулптура на Давид. Папата Јулие II го повикал во Рим за да работи на неговиот гроб, но на крајот бил назначен да го ослика таванот на капелата – од причини кои сè уште не се сосема јасни.

Микеланџело го платил ремек-делото со здравје
Осликувал четири години, стоејќи наведнат на специјално направено скеле, што оставило последици врз неговото тело. Некои делови морал да ги префарба поради мувла и спорови околу плаќањето.

Капелата била осликана од други уметници пред Микеланџело
Пред Микеланџело, ѕидовите ги украсиле уметници како Сандро Ботичели, Доменико Гирландајо и Пјетро Перуџино. Сепак, Микеланџело бил донесен за да ѝ даде вистински сјај.

Микеланџело направил речиси сè сам
Историчарот на уметност Матијас Вивел вели дека рестаурацијата покажала оти капелата е речиси целосно насликана со негова рака, освен некои мали делови направени од асистенти.

Темата на капелата се менувала со време
Првично таванот требало да биде само син со златни ѕвезди, но тоа било сменето. Исто така, ѕидот каде што денес се наоѓа „Страшниот суд“ првично бил наменет за нешто сосема друго.

Фреската „Создавање на Адама“ прикажува и женски лик – веројатно Ева
Во Божјиот плашт има жена за која се верува дека е Ева. Таа изгледа свесна за сè што се случува, додека Бог му дава на Адам душа и слободна волја – нешто што таа го симболизира.

„Страшниот суд“ бил цензуриран
Микеланџело го насликал ова дело на 60 години. Делото е полнило со мажи кои паѓаат и се вртат – главно голи. Папскиот службеник Бјажо да Чезена се пожалил на голотијата, па Микеланџело го насликал како судија на проколнатите – гол, со змија околу половината која го каса!

Поранешниот асистент на Микеланџело, Даниеле де Волтера, подоцна добил задача да ги „облече“ телата, па добил прекар „производителот на панталони“.

Микеланџело станал славен благодарение на Сикстинската капела
За разлика од многу уметници, неговото дело било ценето уште во негово време. Денес капелата се смета за едно од најголемите уметнички достигнувања.

„Додека не ја видите Сикстинската капела, немате вистинска претстава за тоа што е човекот способен да постигне,“ рекол Јохан Волфганг Гете.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни