„Мета“ веќе извесно време користи вештачка интелигенција за одредување на возраста на корисниците на различни апликации, а „Инстаграм“ сега, како што е наведено, проактивно ќе проверува профили за кои постои сомневање дека им припаѓаат на тинејџери, а кои имаат неточен запис, односно претходен датум на раѓање при регистрација на сметката.
Ако се открие дека корисникот ја лажилар својата возраст, профилот автоматски ќе се претвори во „тинејџерски профил“, која има повеќе ограничувања од профилите за возрасни.
Тинејџерските профили на „Инстаграм“ се автоматски заклучени, односно приватни, што значи дека корисниците можат да ги следат овие профили само ако сопствениците им дозволат да го сторат тоа со прифаќање на барањето за следење, а пораките што ги добива сопственикот на профилот се исто така заштитени, односно прима пораки само од корисници со кои е веќе поврзан на апликацијата.
Содржините што се декларирани како „чувствителни“, како сцени на физичко насилство или промоција на пластична хирургија, исто така се ограничени, наведува „Мета“.
Тинејџерите ќе добиваат и известувања доколку поминале повеќе од еден час на апликацијата, а воспоставен е и „sleep mode“ кој меѓу 22 ч. и 7 часот наредниот ден ги исклучува известувањата за дојдовните пораки и автоматски одговара на некои од нив.
„Мета“ додава дека вештачката интелигенција што ќе се користи за овие цели е обучена да бара одредени сигнали, како што е видот на содржината што се појавува на профилот и информациите за профилот со цел да се утврди возраста на нејзиниот сопственик.
Компаниите за социјални медиуми се соочуваат со зголемена контрола врз влијанието на апликациите како Instagram, X и TikTok врз менталното здравје на помладите корисници.