Хуманитарна аукција на уметнички дела за помош на семејствата од Кочани

Во време на голема трагедија која ја погоди Македонија, Тренов организира уметничка аукција со цел да собере средства за семејствата кои беа погодени од неодамнешната несреќа во Кочани.

Аукцијата ќе се одвива на неговиот личен профил, а понудени за продажба се две уникатни уметнички дела: сликата “Надеж” и репродукција од женски лежечки акт. Почетната цена за двете дела е 350 евра по слика, но вистинската вредност на оваа иницијатива лежи во хуманоста и солидарноста на сите учесници.

Собраните средства од аукцијата ќе бидат целосно донирани на настраданите семејства во Кочани, без чекање на институционални процедури. По завршувањето на аукцијата, Тренов ќе објави вкупната сума на собраните средства, како и детали за тоа како ќе бидат исплатени на семејствата на кои им е најпотребно.


Тренов ја повикува јавноста да се приклучи и да ја поддржи оваа хуманитарна мисија, истакнувајќи дека уметноста е многу повеќе од само естетика – таа има моќ да лекува, гради и инспирира. Поддржете ја оваа иницијатива и покажете дека заедно можеме да направиме разлика!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни