Храбрата борба на Жизел Пелико: Жртва на ужасно злосторство, симбол на отпор

Последниве неколку недели, Франција и светот беа потресени од приказната на Жизел Пелико, жена која претрпела невидено насилство во својот дом, организирано од сопствениот сопруг. Ова не било еднократно злосторство – повеќе од девет години, таа била жртва на масовни силувања од мажи кои нејзиниот сопруг ги регрутирал преку интернет, а злосторствата се случувале додека таа била под дејство на силни седативи.

Во злосторството учествувале соседи, но и луѓе кои Доминик Пелико – сопругот на Жизел – ги канел во нивниот дом. Жизел, несвесна за она што ѝ се случува, доживувала насилство во сопствениот кревет, во домот каде требала да се чувствува најсигурно.

Домот како место на кошмарот

За разлика од воените логори за силување кои ги познаваме од воените злосторства, приказната на Жизел е уште потресна бидејќи се случува во време на мир, во обичен дом. Преку ден, тој дом изгледал како секој друг, но ноќе станувал сцена на невидено насилство.

Откривање на злосторството

Во 2020 година, по негово апсење за тајно снимање на жени во супермаркет, полицијата започна истрага која ја открила вистината. Доминик Пелико поседувал илјадници фотографии и видеа од насилствата врз неговата сопруга. Полицијата идентификуваше најмалку 92 случаи на силување, а 51 маж беше уапсен, иако многу од нив сè уште бегаат од правдата.

„Добриот сопруг“ кој станал чудовиште

Судскиот процес откри дека Доминик Пелико водел двоен живот – на јаве бил „добар сопруг“, но зад затворени врати го претворил животот на својата сопруга во пекол. Жизел ја покажа својата неверојатна храброст сведочејќи на суд, а во нејзина поддршка низ Франција се организираа протести под слоганот: „Срамот треба да ја смени страната.“

Хероина на новото време

Жизел Пелико не е само жртва, туку симбол на отпор и борба против сексуалното насилство. Таа одби да се крие, одлучувајќи судењето да биде јавно, со цел да ги засрами злосторниците и да даде сила на сите жени кои претрпеле насилство.

Најново

Последни колумни