Како дел од стратегијата, дел од Monki продавниците ќе бидат интегрирани во синџирот Weekday, кој исто така е во сопственост на H&M. Брендот Monki ќе продолжи да постои преку онлајн продажба и неколку физички продавници внатре во Weekday.
Причината за овој потег е растечкиот притисок од е-трговијата, која нуди побрзо ажурирање на колекциите и пониски цени. Потрошувачите сѐ повеќе избираат поевтини опции, што ги тера и најголемите брендови да ги преиспитуваат своите стратегии.
Повеќето од 60 продавници се наоѓаат во Франција, Германија и Велика Британија. Weekday уште кон крајот на 2024 година се спои со брендот Cheap Monday, што исто така беше дел од процесот на рационализација.
H&M веќе подолго време го реструктуира својот портфолио, кое ги опфаќа брендовите Cos, & Other Stories и H&M Home, со цел подобро прилагодување на потребите на купувачите. Целта е да се понуди поширок избор за помладата публика, додека се затвораат продавници кои се сметаат за непотребни.
Дури и на домашниот пазар во Шведска, компанијата бележи пад на продажбата, што дополнително ги забрза овие потези. Пандемијата и последиците од војната во Украина исто така влијаеја на затворањето на повеќе продавници, особено во Италија, каде што H&M потоа отвори нови продавници на „посоодветни“ локации.