Грета Тунберг во центарот на Сараево читаше имиња на убиени деца во Газа

Шведската климатска активистка Грета Тунберг денеска во центарот на Сараево изрази поддршка за Палестинците, читајќи имиња на деца убиени во Појасот Газа. Таа им се придружи на локални активисти кај споменикот Вечен оган, каде што со часови се читале имињата на жртвите.

На местото каде беше Грета Тунберг беа истакнати транспаренти со пораки: „Стоиме против геноцидот во Газа“, „Солидарност со народот на Палестина“ и „Со жртвите, не со злосторниците“.

Грета неодамна беше депортирана од Израел, откако се обиде да достави хуманитарна помош во Газа. Таа тогаш порача дека еколошката борба е нераскинливо поврзана со борбата против неправдата, авторитаризмот и „смртоносниот фашизам“.

Посетата на Сараево е дел од нејзината балканска турнеја, во рамки на која веќе престојуваше во Србија, Македонија, Косово и Албанија. По Босна и Херцеговина, Тунберг ќе продолжи кон Хрватска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни