Градската соба во Сули ан како временска капсула ги чува спомените на најубавата чаршија на Балканот

Постојаната музејска поставка на експонати од старите скопски занаети е сместена во просториите на Сули-ан и се состои од повеќе области: археолошки дел, историски дел, етнолошки дел и изложба на уметнички дела инспирирани од мотивите на Чаршијата.

Поставката е посветена на Старата скопска чаршија и доминантен дел имаат занаетите кои што биле најзастапени во Чаршијата, како и на градската соба, којашто порано била дневна соба во куќите на богатите и ни покажува како живееле порано обичните луѓе.

Старата скопска чаршија била една од најубавите и најголемите сочувани чаршии на Балканот.

Пред 19 век најдоминантни биле занаетите кои се занимаваат со преработка на кожа, казанџискиот занает, папуџискиот занает..

Вчудоневидува состојбата на предметите кои иако се стари и повеќе од еден век, делуваат како сега да се изработени. Чизмите, предметите од срма и сето останато било работено рачно и од високо квалитетни материјални, токму на тоа се должи истрајност и квалитетите на излоќените предмети, појасни Христина Пандурска Смоковиќ, магистер по археологија.

Сега е останат казанџискиот занает видоизменет во лимарскиот занает, златарскиот занает, а терзискиот, срмаџискиот занает веќе се изумрени.

Правци во модата кои тогаш биле застапени биле а ла турка и а ла франга. А ла турка била препознатлива за посиромашното население, а ла франга пак, доаѓа со европското влијание и била препознатлива за богатиот слој граѓани.

Богата градска соба која потекнува од Скопско со портретот на Кранго, е можеби најинтересниот дел од поставката која ти ја предизвикува фантазијата и замислуваш како тогаш обичните луѓе живееле. Се собирале околу мангалот да пијат кафе, на миндерлукот или во денешно време гарнитура имале дневен престој каде се собирале членовите од семејството, во сандакот собирале чеиз за младите девојки од домот.

Таваницата потсетува на орео, а длабоката резба е навистина неверојатна.

На годишно ниво има околу 2000 посетители,во зависност од туристичката сезона и тоа најмногу турци и организирани тури за деца.

Постоеле околу 20 анови во Чаршијата, сега се останати само три: Сули ан, Куршумли ан и Капан ан.

Објектот на Сули ан бил делумно оштетен во земјотресот од 1963 година, и 1967 бил автентично реконструиран, Куршумли ан е оштетен во земјотресот и досега не е реконструиран.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни