Гори Парк шумата Гази Баба

Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, а според првичните информации, тој брзо се шири поради сувата вегетација

Попладнево избувна нов пожар во Град Скопје, овој пат парк-шумата на Гази Баба, популарно место за рекреација на скопјани.

Засега не се познати причините за избувнување на пожарот, а според првичните информации, тој брзо се шири поради сувата вегетација и високите температури кои го зафатија регионот во изминатиов период.

Парк шумата Гази Баба и во претходните години често била мета на пожари, а дел од нив биле и намерно предизвикани.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат внимателни и да не палат оган на отворено, особено во вакви екстремно топли услови.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни