Голем пожар во Карпош: Пламени јазици зафатија поранешен објект на Макотекс

Огромен пожар избувна денеска во населбата Карпош во Скопје, зафаќајќи поранешен објект на компанијата Макотекс. Според првичните информации, објектот сега најверојатно се користи како сервис за возила.
Screenshot

Засега нема информации дали во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало присутни лица.

Екипите на пожарникарската служба се на терен и моментално работат на изгаснување на огнот, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од приближување кон местото на настанот поради опасност од ширење на пожарот и чад.

Причините за пожарот се уште се утврдуваат, а надлежните најавија дополнителни информации веднаш штом ќе бидат достапни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни