Голем напредок во медицината: Успешно излечена Хантингтонова болест

Центарот за Хантингтонова болест при Универзитетскиот колеџ во Лондон објави дека за првпат ова заболување е успешно излечено.

Истражувачкиот тим открил дека болеста е успорена за 75% кај пациентите, пренесува BBC. „Тоа значи дека ‘падот’ кој би се очекувал за една година сега се протега на четири години по третманот, давајќи им на пациентите децении квалитетен живот“, изјави за BBC професорката Сара Абрици, директорка на Центарот.

Новата терапија е вид на генска терапија, која се изведува за време на 12 до 18 часа деликатна операција на мозокот. Првите симптоми обично се појавуваат во 30-тите или 40-тите години од животот, а без третман болеста е обично фатална во рок од две децении.

Сега се отвора можноста раниот третман да спречи појава на симптомите. „Резултатите се спектакуларни. Никогаш во најлудите соништа не би очекувале успорување на клиничката прогресија за 75%“, додава Абрици.

Хантингтонова болест е генетска, брутално ги уништува мозочните клетки и комбинира симптоми на деменција, Паркинсонова болест и болест на моторните неврони. Се очекува дека лекувањето ќе биде многу скапо.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни