Гледачите воодушевени од новата напната серија на HBO: „Првата епизода беше одлична“

Творецот на наградуваната серија „Мер од Истаун“ се враќа со нов телевизиски хит. Новата криминалистичка драма на HBO, „Task“, носи мрачна атмосфера од Филаделфија, сложени ликови и приказна полна со напнатост.

Главната улога ја толкува Марк Рафало, кој овој пат игра свештеник што станал агент на ФБИ.

За разлика од „Мер од Истаун“, каде што главната мистерија беше кој е убиецот, „Task“ од почеток го открива идентитетот на криминалците. Наместо класична мистерија, серијата се фокусира на возбудливата трка меѓу банда и полицијата.

Приказната се врти околу банда работници од градската чистота кои преку ден се обични службеници, а ноќе планираат и извршуваат опасни грабежи. Нивна главна цел е мото-банда наречена “Dark Hearts”. Работите се комплицираат кога бајкерите дознаваат кој стои зад нападите, по што следува крвав судир со четири мртви тела, а случајот го презема ФБИ.

Марк Рафало го игра Том Брандис, агент на ФБИ кој се справува со лична трагедија и зависност од алкохол. Тој води тим од млада и неочекувано ефикасна екипа: Лизи (Алисон Оливер), Ентони (Фабиен Франкел) и Алеа (Тусо Мбеду), од импровизирана база во поранешен склад за наркотици.

Серијата со седум епизоди премиерно беше прикажана на 8 август, и веднаш доби одлични критики. На Rotten Tomatoes има високи 90%, а гледачите ја нарекуваат „новата задолжителна серија“ на HBO. Режисерот Бред Ингелсби е пофален за реалистичниот приказ на Филаделфија и за моќната актерска екипа.

Многумина ја споредуваат серијата со култниот филм „Heat“ (Врелина) од 1995 година, а тензијата меѓу криминалците и ФБИ е силно изразена, и визуелно и наративно.

На социјалните мрежи, реакциите се одушевувачки:

„Една од најдобрите први епизоди што сум ги гледал на HBO.“ – напиша еден корисник на X (поранешен Твитер)

„Првата епизода беше одлична, со нетрпение го чекам продолжението!“ – додаде друг.

Посебно внимание добива улогата на Марк Рафало, за која многумина велат дека е „емоционално моќна и целосно уверлива“.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни