Главната улога ја толкува Марк Рафало, кој овој пат игра свештеник што станал агент на ФБИ.
За разлика од „Мер од Истаун“, каде што главната мистерија беше кој е убиецот, „Task“ од почеток го открива идентитетот на криминалците. Наместо класична мистерија, серијата се фокусира на возбудливата трка меѓу банда и полицијата.
Приказната се врти околу банда работници од градската чистота кои преку ден се обични службеници, а ноќе планираат и извршуваат опасни грабежи. Нивна главна цел е мото-банда наречена “Dark Hearts”. Работите се комплицираат кога бајкерите дознаваат кој стои зад нападите, по што следува крвав судир со четири мртви тела, а случајот го презема ФБИ.
Марк Рафало го игра Том Брандис, агент на ФБИ кој се справува со лична трагедија и зависност од алкохол. Тој води тим од млада и неочекувано ефикасна екипа: Лизи (Алисон Оливер), Ентони (Фабиен Франкел) и Алеа (Тусо Мбеду), од импровизирана база во поранешен склад за наркотици.
Серијата со седум епизоди премиерно беше прикажана на 8 август, и веднаш доби одлични критики. На Rotten Tomatoes има високи 90%, а гледачите ја нарекуваат „новата задолжителна серија“ на HBO. Режисерот Бред Ингелсби е пофален за реалистичниот приказ на Филаделфија и за моќната актерска екипа.
Многумина ја споредуваат серијата со култниот филм „Heat“ (Врелина) од 1995 година, а тензијата меѓу криминалците и ФБИ е силно изразена, и визуелно и наративно.
На социјалните мрежи, реакциите се одушевувачки:
„Една од најдобрите први епизоди што сум ги гледал на HBO.“ – напиша еден корисник на X (поранешен Твитер)
„Првата епизода беше одлична, со нетрпение го чекам продолжението!“ – додаде друг.
Посебно внимание добива улогата на Марк Рафало, за која многумина велат дека е „емоционално моќна и целосно уверлива“.
Извор: N1info.rs