Според најновите податоци, јавното мислење во клучните европски земји силно се противи на идејата за испраќање војници во Украина, дури и ако се постигне мировен договор со Русија, при што најмногу во Франција – 67 проценти, а во Германија 56 проценти.
Тоа го покажале анкетите на јавното мислење во Германија, Италија, Франција и други европски земји, каде што граѓаните сметаат дека таков потег би бил ризичен, пишува порталот Censor.net повикувајќи се на Wall Street Journal.
Како што се наведува, во Франција 67 проценти би ја поддржале мисијата само ако постои целосен мировен договор, додека 68 проценти одбиваат било какво учество, а 58,5 проценти од Полјаците се „силно“ против испраќање трупи во Украина.
Извор: Tanjug.rs