Франција ја доби најстарата победничка на „Мис Франција“

Анжелик Ањарни-Филопон, 34-годишна стјуардеса од карипскиот француски остров Мартиник, влезе во историјата како највозрасната натпреварувачка што ја освоила титулата „Мис Франција“.

Нејзината победа во саботата беше овозможена со неодамнешната промена на правилата што им дозволува и на жените повозрасни од 24 години, како и на мажените жени и мајки – да се натпреваруваат. Во финалето учествуваа 30 кандидати, кои продефилираа во костими за капење, своите регионални костими и балски фустани. Коментирајќи го својот животен пат, Анжелик рече:

– Во 2011 година, една млада девојка со своите 20 години заврши како прва придружничка на натпреварот „Мис Мартиник“. Истата таа млада девојка сега има 34 години, стои пред вас и ја претставува Мартиник, дијаспората и сите жени на кои еднаш им беше кажано дека е „доцна“.

Победничката на натпреварот ќе добие плата за една година од организацијата на „Мис Франција“, стан на користење во Париз, а тука се и разните подароци од спонзорите.

„Изборот во Франција“ се случува само неколку дена откако „Изборот за Мис Холандија“ беше укинат по 35 години. Организаторите во Холандија рекоа дека „сѐ се менува со времето“ и наместо тоа ќе отворат платформа за споделување приказни за успешни жени и оние за борбата со прашања како што се нереалните стандарди за убавина. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни