Флаери со датуми во европски градови ги кренаа фановите на нозе – дали Radiohead најавуваат први концерти по седум години?

Загадочни флаери со идентична слика и различни датуми се појавија во повеќе европски метрополи – Лондон, Копенхаген, Мадрид и Берлин – без наведени локации.

Фановите шпекулираат: дали легендарниот британски бенд Radiohead конечно се враќа на сцена со своја прва турнеја по седум години?

Последниот настап на групата беше на 1 август 2018 година во Филаделфија, со кој ја завршија турнејата за албумот A Moon Shaped Pool. Оттогаш немаат издадено нов материјал, па дел од обожавателите веруваат дека евентуалната турнеја би можела да значи и нов албум.

Според информации споделени на Reddit, флаерите најавуваат повеќе концерти по градови: во Лондон на 21, 22, 24 и 25 ноември, во Копенхаген на 1, 2, 4 и 5 декември, а во Берлин на 8, 9, 11 и 12 декември. Засега нема официјална потврда, ниту информации за местата на одржување.

Интересот дополнително се засилува бидејќи неодамна Radiohead објавија дигитална верзија на нов албум во живо – Hail to the Thief Live Recordings 2003–2009, кој на винил ќе излезе на 31 октомври. Паралелно, фронтменот Том Јорк работи на адаптација на Шекспировиот „Хамлет“ со ново сценско претставување на албумот Hail to the Thief, чија премиера е закажана за следната година во Манчестер.

Иако Јорк лани изјави дека „не се грижи многу за иднината на бендот“, мистериозните флаери ги разбудија надежите на милионите фанови ширум светот.

Извор: Euronews

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни