Финскиот претседател: Без подготвеност за војна, гаранциите за Украина се празни

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека европските земји кои ќе дадат безбедносни гаранции за Украина мора да бидат подготвени да се соочат со Русија во случај на нова агресија.

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека европските земји кои ќе дадат безбедносни гаранции за Украина мора да бидат подготвени да се соочат со Русија во случај на нова агресија.

„Гаранциите по дефиниција се одвраќање. А за тоа одвраќање да биде веродостојно, мора да биде силно,“ рече Стуб во интервју за Гардијан во Хелсинки, пред заминувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Тој нагласи дека гаранциите ќе стапат на сила дури по идниот мировен договор меѓу Киев и Москва, но дека Русија нема никаков збор во одлуките на суверена држава.

На последниот состанок во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека 26 држави се подготвени за „сила на уверување“ во Украина, дел од нив и со присуство на копно, море или воздух.

Стуб предупреди дека гаранциите ќе бидат бесмислени ако не стои реална воена сила зад нив: „Не зборуваме празни зборови во воздух – зборуваме за вистински гаранции кои Русија мора да ги сфати сериозно.“

Финскиот претседател во последните месеци се наметна како значаен посредник, благодарение и на блиските контакти со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вели дека редовно се слушаат и дека очекува билатерална средба оваа недела.

Иако САД досега избегнуваат јасни обврски, Стуб смета дека „американски бекстоп“ е неопходен за гаранциите да имаат тежина. Сепак, тој призна дека шансите за преговори со Владимир Путин во моментот се мали:
„Оваа војна е преголема за тој да си дозволи да ја загуби. Направи најголема стратегиска грешка од крајот на Студената војна и сè уште не ги постигнал своите цели.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни