Филмскиот сектор на работ на пропаст: Мораториум на филмската дејност и критики од Вардан Тозија и Тони Михајловски

Агенцијата за филм на Република Македонија објави контроверзна одлука за укинување на конкурсите за финансирање на филм во 2024 година, што предизвика остри реакции од македонските филмски работници. Режисерот Вардан Тозија го осуди овој потег како „национално предавство“ и „кратковид удар“ врз македонската култура, потенцирајќи дека мораториумот ќе го изолира домашниот филм од светските текови и ќе остави празнина која тешко ќе се пополни.

Според Тозија, неактивноста на институциите и филмските работници, како и молкот на одговорните, укажуваат на длабока корупција и кратковидост. Тој апелира дека наместо да се преземат мерки против коруптивните елементи, сите се казнуваат. „Најдете ги, судете ги, но не воведувајте мораториум за сите,“ потенцира режисерот, алудирајќи на одговорноста на Агенцијата.

На овие критики се надоврза и познатиот актер Тони Михајловски, кој саркастично коментираше дека со ваквиот пристап во иднина „ќе се снимаат само плуќа, нозе и други органи, наместо вистински филмови.“ Според Михајловски, оваа одлука само ќе ги охрабри филмските работници кои веќе имаат свои проекти „во фиока“ да молчат, додека тие кои се надеваа на идни можности ќе останат без шанса за реализација.

Оваа мерка предизвика загриженост и во меѓународните културни кругови, што значи дека домашните автори сега ќе треба да даваат објаснувања зошто Македонија решила да го суспендира филмското финансирање – уште еден чекор што ги усложнува патиштата за македонската култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни