Фестивалска карта во замена за регистрација како донатор на органи

Организаторите на популарниот шведски музички фестивал Way Out West, кој се одржува во Гетеборг, започнаа необична и хуманитарна кампања: сите кои ќе се пријават во националниот регистар на донори на органи добиваат карта за фестивалот – кој веќе е целосно распродаден, пренесува данскиот јавен сервис DR.

Кампањата е наречена „The Kidney Pass“ (Бубрежна пропусница), а целта е да се подигне јавната свест за значењето на донирањето органи, особено поради тоа што во последните неколку години бројот на нови донори во Шведска е намален за околу 30%.

Фестивалот Way Out West трае два дена и започнува утре, а на него ќе настапат некои од најголемите имиња на светската музичка сцена, меѓу кои Иги Поп, Pet Shop Boys, Charli XCX и многу други.

Иако ваквиот пристап изгледа невообичаено, користењето на популарната култура за промовирање на општествено одговорни цели не е новитет. Слични акции се организирале и претходно, при што луѓето добивале бесплатни карти за концерти, кино или спортски настани во замена за донирање крв.

Сепак, поврзувањето на регистрацијата како донор на органи со добивање карта за музички фестивал се смета за уникатна иницијатива на глобално ниво.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни