Од другата страна, официјалната комуникација на „EXIT“ во изминативе денови оди во поинаков правец: фестивалот најави глобална турнеја во 2026 година со создавање нови фестивали на повеќе локации ширум светот, по моделот на веќе постоечките спин-оф изданија како Sea Star (Хрватска) и Sea Dance (Црна Гора).
Во истите пораки Египет се спомнува како една од точките на таа турнеја, а не како единствена или конечна „нова адреса“ на брендот. До овој момент, во нивните официјални канали не е објавена конкретна најавa за Скопје, само демант дека фестивалот трајно се сели од Нови Сад.

„Откако објавивме дека поради државната репресија сме принудени да ја напуштиме Србија, добивме бројни повици од сите делови на светот да ги организираме фестивалите токму таму. Во моментов разгледуваме кои дестинации ќе станат дел од глобалната турнеја на Exit во наредната година, за што наскоро ќе ја известиме јавноста, а за нашата верна публика во Србија подготвуваме посебни изненадувања,“ изјави за српаската N1 основачот и директор на Exit, Душан Ковачевиќ.