Нови жртви на циклонот Борис

Евакуација во Италија, се трага по исчезнати

Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а во сила е црвено предупредување за екстремни временски услови

Продолжува потрагата по две лица, кои беа пријавени за исчезнати во близина на градот Равена, во италијанската провинција Емилија-Ромања, која беше погодена од поројни поплави предизвикани од обилните дождови.

Речиси 1.500 жители се евакуирани од градот Бањакавал, а во сила е црвено предупредување за екстремни временски услови.

Болоња, Чезена, Форли, Равена и Римини беа најтешко погодени од поплавите, а имаше и многубројни одрони, јавува „Танјуг“.

Училиштата сè уште се затворени во областа Равена и во неколку области околу Форли-Чезен.

Во мај 2023 година Емилија-Ромања беше погодена од поплави и одрони поврзани со врнежи, во кои загинаа 17 луѓе и предизвикаа штета од неколку милијарди евра.Многу области, кои беа поплавени вчера, поради обилните врнежи веќе беа погодени од поплави во 2023 година.Во меѓувреме, силен дожд го погоди и регионот Марке, особено градот Анкона, каде што се излеа реката.

Во Тоскана северниот дел на регионот Муџело е во состојба на готовност откако вчера беа затворени неколку провинциски патишта поради лизгање на земјиштето предизвикано од обилните дождови.

Најново

Последни колумни