Еминем ќе стане дедо по втор пат: Неговата посвоена ќерка очекува бебе

Поранешната ќерка на сестрата на Ким Скот, Еминемовата посвоена ќерка Елејна Мари Скот, очекува бебе со својот сопруг Мет. Ова ќе биде второто внуче на легендарниот рапер, по веста дека неговата ќерка Хејли стана мајка во април.

Елејна Мари Скот, посвоената ќерка на познатиот рапер Еминем (52), е бремена.

Инаку, Еминем на почетокот на април го доби своето прво внуче, а веста тогаш ја објави неговата биолошка ќерка Хејли Џејд Скот на Инстаграм. Бебето го доби името Елиот Маршал Меклинток. Сега изгледа дека семејството има уште една причина за славење, бидејќи посвоената ќерка на раперот, Елејна Мари Скот, е повторно во блажена состојба. Таа преку фотографии со својот сопруг Мет Молер ги сподели убавите вести.

Објавата на Инстаграм беше проследена со емотивна порака:

„Најдоброто од тебе и мене. Веќе неколку месеци во себе носам мало срце што чука. Веќе ми го промени животот на секој можен начин… Никогаш не сум била поисполнета со благодарност за овој дар и за проширувањето на нашето семејство – нешто што долго време го посакувавме. Му благодарам на Бог за овој благослов…“

Елејна е родена како Аманда, ќерка на Дона Скот (која е сестра близначка на Ким Скот, поранешната сопруга на Еминем). Дона почина во 2016 година од предозирање. Еминем ја посвои Аманда на почетокот на 2000-тите и тогаш ѝ го смени името во Елејна.

Таа се споменува и во песната „Mockingbird“, каде Еминем ја нарекува „сестра на Хејли“, а во другите песни ја нарекува „Лејни“.

Во интервју за списанието Rolling Stone во 2004 година, Еминем изјави:

„Имам целосно старателство над мојата внука и заедничко старателство над Хејли. Секогаш сум бил тука за Хејли, а и мојата внука е дел од мојот живот уште од раѓање. Ким и јас ја одгледавме, живееше со нас каде и да одевме.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни