Понекогаш ни е тешко да се откажеме од одредена храна, особено од слатките и грицките. Би можеле да ги јадеме со денови, едноставно, телото ги бара, но треба да знаеме дека нашето тело реагира на сè што консумираме. Така се случува и со храната која на прв поглед ни изгледа дека е добра, а всушност таа може негативно да влијае на нашето здравје, особено на црниот дроб.
Истражувањата покажуваат дека консумирањето на умерени количини на додадени шеќери може да го удвои производството на маснотии во црниот дроб, што може да доведе до заболување на црниот дроб и дијабетес тип 2 и да доведе до промени во метаболизмот.
Една студија објавена во списанието за хепатологија покажала дека фруктозата (шеќерот) во течна форма може да влијае на метаболизмот на црниот дроб. Во студијата учествувале 94 мажи на возраст меѓу 18 и 30 години, со индекс на телесна маса под 24. Истражувачите ги избрале поради нивната помала телесна маса, за да ги намалат шансите дека веќе имаат замастен црн дроб.
Со употреба на маркери, било откриено дека учесниците во студијата не внесувале повеќе калории отколку пред да почне исражувањето. Сепак, било откриено дека иако консумираат ист број калории, додавањето на пијалоци засладени со шеќер и консумирањето фруктоза влијаело на нивното здравје, вклучувајќи го и зголемувањето на производството на маснотии.
Американското здружение за срце ги советува луѓето да консумираат не повеќе од 6 отсто од дневните калории од додаден шеќер. На пример, многу Американки треба да консумираат само 100 калории (што е шест лажички или 25 грама додаден шеќер), а мажите треба да консумираат 150 калории (9 лажички или 36 g).
Сепак, Центрите за контрола и превенција на болести објавија дека просечниот Американец консумира дури 17 лажички фруктоза на ден, тоа се должи на фактот дека многу од преработените намирници што ги јадеме секојдневно содржат додадени шеќери, од кои некои се повеќе скриени од другите. Така, тие можат да се најдат во секоја житна храна што ја јадеме редовно за појадок, но и во сирењата и оброците од микробрановата печка.
Флашираните пијалоци, особено соковите, се повик за будење. Доколку сакате вашата исхрана да биде урамнотежена и да имате здрав црн дроб, погледнете ги навиките кои треба да ги избегнувате.
Пијалоците засладени со шеќер како газирани пијалоци и спортски пијалоци, десерти и слатки се извор на додаден шеќер кој е штетен за црниот дроб. Шеќерот и сирупот од пченка од овие извори се претвораат во масти бидејќи не се извор на енергија.
Рафинирани јаглехидрати
Во оваа група спаѓаат сите видови пецива и колачи направени од рафинирани зрна, вклучувајќи ѓеврек, крофни, колачи. Бел леб, лепчиња за хотдог, исто така. Оваа храна го зголемува нивото на шеќер во крвта и може да доведе до отпорност на инсулин.
Преработена храна
Замрзнати вечери, се што доаѓа во кутија, конзервирана храна е високо преработена храна. Овие намирници не само што содржат високо рафинирани јаглехидрати и додадени шеќери, туку содржат и сол.
Црвено месо
Иако од една страна е здраво да се јаде и е пожелно на менито на луѓе кои се анемични, се чини дека црвеното месо има и лоши страни. Како извор на заситени масти, тој е поврзан со заболување на замастен црн дроб. Храната со висока содржина на масти има силно влијание врз зголемувањето на триглицеридите во црниот дроб.
Алкохол
Не мора да зборуваме за штетата на алкохолот, но важно е да се знае дека и умерената употреба на алкохол дополнително акумулира маснотии во црниот дроб. Затоа, се препорачува, доколку е можно, целосно да се избегнува алкохол.
Отстранувањето на овие нездрави навики може да го подобри вашето здравје на црниот дроб, а секако можете да изгубите тежина доколку тоа е вашата цел.