Постојат хороскопски знаци кои повеќе би глумеле рамнодушност отколку да признаат дека срцето им чука побрзо, иако во себе чувствуваат вистинска бура од емоции, пренесува Index.
Рак
Иако Раковите се исклучително емотивни, често се однесуваат како да не им е гајле – особено кога се плашат дека би можеле да бидат повредени. Нивната чувствителна природа се крие зад внимателна насмевка и одмерени зборови. Наместо отворено да покажат што чувствуваат, тие ќе ги задржат емоциите додека не бидат сигурни дека се на „сигурна почва“.
Јарец
Јарците изгледаат студено и пресметливо, но зад нивната воздржана надворешност често се крие длабока приврзаност. Проблемот е во тоа што се плашат да покажат ранливост, бидејќи во нивниот свет таа е речиси синоним за губење контрола. Наместо со љубовни изјави, тие ја искажуваат својата наклонетост преку практична помош и поддршка – надевајќи се дека некој ќе препознае дека тоа е нивниот начин да сакаат.