Целиот свет веќе со месеци е во еуфорија по популарното Дубаи чоколадо, но какви последици има таа по нашето здравје?
Дубаи чоколадото, која содржи крем од фстак, тахини и печен кадаиф, привлекува многу љубители на десерти. Сепак, нејзината висока цена не е единствениот проблем поврзан со овој сладок деликатес.
Иако изгледа луксузно и има неодолив вкус, диететичарката Мерве Бајрам предупредува на штетноста на оваа чоколада.
“Шеќерот, мастите, кофеинот и другите состојки во Дубаи чоколадото може да влијаат негативно на варењето, предизвикувајќи рефлукс, гасови и грчеви, особено кај луѓето со осетлив дигестивен систем”, објаснува Бајрам.
Опасни состојки во Дубаи чоколадото
Чоколадото е богато со фстак, што ја прави ризична за лица со алергија на нив. Бајрам предупредува:
“Kремата од фстак и тахини од сусам можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции, додека глутенот во кадаифот претставува проблем за луѓето со целијакија или нетолеранција на глутен. Печениот кадаиф може да биде тежок за варење, но помалку е веројатно да предизвика алергиски реакции.”
Бајрам исто така нагласува дека Дубаи чоколадото содржи големи количини шеќер, што брзо го покачува нивото на глукоза во крвта, стимулира лачење на инсулин и со време може да доведе до инсулинска резистенција и да го зголеми ризикот од дијабетес тип 2.
Бидете внимателни кога го консумирате овој луксузен десерт, особено ако имате осетлив дигестивен систем или сте подложни на алергиски реакции.