Министерството за заштита на потрошувачите на сојузната област Баден-Виртемберг соопшти дека во примероци од таканаречените Дубаи чоколади увезени во Германија биле пронајдени бројни штетни состојки.
„Од случаи на измама до ризик по здравјето – речиси сè беше откриено при првите тестирања на увезената чоколада од Дубаи“, изјави министерот за заштита на потрошувачите, Петер Хаук.
Што открија тестирањата?
- Во сите осум анализирани примероци се пронајдени загадувачи, алергени, вештачки бои и масти што не се дозволени во чоколадите, како што е палмовото масло. Единствената дозволена маст во чоколадите е какао путерот.
- Во некои примероци е пронајден сусам што не бил деклариран на пакувањето.
- Чоколадите од Обединетите Арапски Емирати биле толку контаминирани при производствениот процес, што се сметаат за небезбедни за консумација.
- Забележано е зголемено количество на вештачки бои кои создаваат илузија за повисок квалитет, особено кај кремовите со арома на ф’стаци.
Реакција на институциите
„Иако примероците се малубројни, наодите се загрижувачки и не поттикнаа да спроведеме пообемно тестирање“, рече Хаук.
Популарност со скриени ризици
Дубаи чоколадите се голем хит во Германија последните месеци и често се наоѓаат на божиќните пазари. Но, оваа популарност доаѓа со висока цена за здравјето на потрошувачите.
Апел до купувачите: Бидете внимателни при изборот на ваквите производи, особено ако не содржат јасна декларација за состојките!