Дуа Липа руши рекорди и станува една од најбогатите млади пејачки

Британската поп ѕвезда, Дуа Липа се приближува на ѕвездите како Ед Ширан и Адел на листата на најбогати британски поп ѕвезди. Дуа Липа изминатата година заработувала 275 илјади долари дневно од концертите и своите песни.

Британската поп ѕвезда имала повеќе од 100 милиони долари промет во својата компанија Radical 22 Live LLP за 12 месеци, заклучно со 31 март 2023 година.

По трошоците, Дуа Липа во годината заработила 42,4 милиони долари, што значи дека повеќе од 115 илјади долари дневно ѝ останувале по сите давачки.

Ваквите бројки ја прават една од од британските музичарки со најголема заработка, само осум години по почетокот на нејзината кариера.

Додека беше на светската турнеја Future Nostalgia, нејзината компанија заработила 35 милиони долари и уште 36,15 милиони долари во Северна Америка.

Извор: Б92

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни