Druggy, Kacar и Djole со нов заеднички албум „НАТЕНАНЕ“

Druggy, Kacar и Djole го објавија својот нов заеднички албум „НАТЕНАНЕ“, носејќи свеж звук и искрени приказни од балканската урбана реалност.

Македонските хип-хоп артисти Druggy, Kacar и Djole го претставуваат својот нов заеднички албум насловен „НАТЕНАНЕ“. По долги години соработка на сцената, тројцата музичари се обединуваат во проект кој, како што велат, ја рефлектира реалноста на нивниот град што сè повеќе наликува на „фавела“.

Албумот го носи нивниот препознатлив, искрен и автентичен стил, инспириран од балканската реалност и со силно влијание од јужноамериканската улична музика. Инструменталите и продукцијата се дело на Druggy (Драги), додека текстовите и изведбата ги потпишуваат Кацар и Џоле.

„НАТЕНАНЕ“ е веќе достапен на сите големи дигитални платформи, вклучувајќи YouTube и Spotify.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни