Овој пат за песната “Навидум” со кој продолжува и визуелно да го отсликува неговиот албум. Песната „Навидум“ е напишана, изведена и продуцирана од Драги, како и остатокот од неговиот албум “Небо”. Исто така, видео записот е реализаран од негова страна со помош од Мирослав Илиќ, кој е одговорен колорот на овој и дел од неговите претходни видео записи.
Може да ја чуете песната и да го видите спотот подолу.
Како што споделува Драги на социјалните мрежи, ова е третата верзија на видео записот за “Навидум”, четврта доколку се вбројува и едната концептуална идеја. Некогаш им треба време и на идеите да испливаат на површина.
Како што веќе напоменавме, “Навидум” е дел од првиот албум на Драги, “Небо”, кој може да ги слушнете во целост подолу.
За сите негови следни најави и доколку сакате да сте дел од неговото патување, ова се неговите линкови до социјалните мрежи:
Instagram: https://www.instagram.com/thisisdragiivanov