Доделени наградите „Just Transition Young Voices 2025“

Секретаријатот на Енергетската заедница на 20 август ги објави добитниците на наградите „Just Transition Young Voices 2025“. Меѓу нив се и млади жени од Грузија и Украина.

Наградата е воспоставена за да ги засили гласовите на младите под 30 години, кои ќе ја обликуваат иднината на регионот во поглед на климата, енергијата и општеството. Организатори се Секретаријатот на Енергетската заедница, заедно со Bankwatch, CAN Europe, CLEW Network и Регионалната канцеларија за младинска соработка, а медиумски партнер е Balkan Green Energy News.

Првото место му припадна на Тринге Шкодра (26) од Косово за нејзиниот текст за праведната енергетска транзиција и напуштањето на јагленот во земјата. Второто место го освои Ани Гогохија (18) од Грузија, која преку лично сведоштво ја опиша поврзаноста меѓу ниските плати, миграцијата, загадувањето и здравствените кризи со ризиците од нерамномерната енергетска транзиција. Таа ќе замине на целосно финансирана студиска посета за енергетска трансформација на Западен Балкан.

Третото место му беше доделено на Катерина Перелома (22) од Украина, за нејзиниот извештај од Киев за тоа како заедниците одговараат на војната преку одржливи практики – соларна енергија, рециклирање, урбано градинарство и младински иницијативи. Таа ќе учествува на обука за новинари за климатски дезинформации што ќе се одржи во септември во Охрид.

Извор: https://euneighbourseast.eu

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни