Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Крушево, Радовиш, Демир Капија, Велес, Скопје и во планинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА 2025.
„Добри луѓе“е продукција од 2023 година, играат актерите Тијана Трајчевска и Филип Христовски, музиката е на Ива Дамјановски, извршен продуцент е Бобан Алексоски.
Во месец септември(13.09), претставата „Хинкеман“ во копродукција со фестивалот „Млад отворен театар“ е селектирана на Sarajevo Theatre Showcase во Сараево. „Хинкеман“ од Ернст Толер во режија и адаптација на Тамара Стојаноска минатата година со премиерата го отвори фестивалот МОТ во Скопје, играат актерите: Бобан Алексоски, Талија Настова/Надица Петрова, Дритон Вејсели/Филип Христовски, Ане Блажовски, Леонида Гулевска и Бранко Михајлоски, музиката е на Лука Тошев, а рекламниот материјал за двете претстави е на Бојана Цилевска.

Во следниот период покрај гостувањата и и други планирани изведби, независниот театар најавува нови проекти и соработки со надворешни уметници.

„Сина сенка/Blue Shade“ од Брајан Рејнолдс во режија на Тамара Стојаноска ќе биде првата претстава за која наскоро започнува процесот на работа, оваа година почнуваат и пробите со режисерот Мирко Радоњиќ од Црна Гора кој ќе ја режира претставата „Теорема“ според филмот и романот на Пјер Паоло Пазолини. Интересно е што Пазолини, но и Рејнолдс ќе се работат за прв пат во театар кај нас.
Ќе се подготвува и проектот за деца и млади „Баба Рога“ во авторство на Тамара Стојаноска, потоа Надица Петрова ќе има ново стендап шоу, колегите работат и на неколку други проекти за кои би известиле дополнително. – вели актерот и еден од основачите Бобан Алексоски.