Хинтон, кој минатата година ја доби Нобеловата награда за физика заедно со Џон Хопфилд, е заслужен за поставување на темелите на современите јазични модели со своето откритие во 1986 година – метод за предвидување на следниот збор во реченица, што денес го користат системи како ChatGPT.
Во неодамнешно интервју за CBS, тој ја спореди вештачката интелигенција со маче од тигар:
„Ако не можеш со сигурност да знаеш дека тоа маче еден ден нема да сака да те убие – тогаш треба да бидеш загрижен.“
Хинтон проценува дека шансите вештачката интелигенција целосно да го замени човештвото се меѓу 10 и 20 проценти – доволно мали за да не паничиме, но премногу високи за да ги игнорираме.
Тој предупредува и на опасноста од неконтролирана трка меѓу технолошките компании, кои лобираат за што помалку регулации.
„Историјата не нè познава случаи каде нешто попаметно било трајно контролирано од нешто помалку паметно“, вели тој.
Според него, темпото со кое напредува вештачката интелигенција е далеку побрзо од очекуваното. Тој предвидува дека во следните 20 години би можеле да создадеме системи попаметни од луѓето – што, како што вели, е мошне вознемирувачка перспектива.
Хинтон повикува на итна интервенција од владите за забавување на развојот и насочување на средствата кон истражување, со цел да се обезбеди безбедна иднина.