„Моето семејство е тука од 17 век, но ако продолжат вака – ќе си заминам“
Локалниот трговец Џанлука Ѓуфре вели дека неговото семејство живее на островот со векови, но агресивните кози ја загрозуваат иднината на заедницата:
„Ако продолжат да се размножуваат, ќе го напуштам Стромболи.“
Слично на соседниот остров Аликуди, бројот на кози на Стромболи постојано расте. Тие ја јадат автохтоната вегетација, ги рушат старите земјоделски тераси, упаѓаат во домови и дури напаѓаат жители.
Федерико Ашери раскажува како големо стадо влетало во неговата градина:
„Голема коза ме погледна заканувачки и потоа сите тргнаа кон мене – ме соборија на земја.“
„Подобро вулкан отколку кози“
Во малото пристаниште Ѓиностра, каде што живеат околу 40 луѓе, стотици кози создаваат вистинска паника.
Ѓуфре додава:
„Ги гледаме по гробишта, во црквата… дури и татко ми кој има 78 години се плаши да излезе од куќата.“
Според него, во последните три години козите предизвикале поголема штета отколку вулканот со векови:
„Ги изедоа капарите што ги посадиле моите предци. Уништиле тераси, патеки за евакуација и дури го оштетиле осветлувањето на хелиодромот.“
Агресивни стада и страв кај жителите
Даниела Симонцини (78), сопственичка на куќа за одмор, се плаши за своите 200 години стари маслинки:
„Сама сум против стадо од 50 кози со рогови долги 40 сантиметри. Се качуваат на кровови, ја загадуваат водата и оставаат мрши околу куќата.“
Властите најавуваат решителни мерки
Обидите за контрола на козите не се нови. На соседниот остров Аликуди пропадна планот за пренесување на 800 кози на копно, па властите оваа есен ќе испратат ловци за нивен одстрел.
Сицилијанскиот функционер Џовани Дел’Аква вели дека сличен пристап ќе се примени и на Стромболи:
„Ќе почнеме од Аликуди, а потоа ќе преминеме и на Стромболи. Хитноста е поважна од забелешките на здруженијата за заштита на животните.“
И додава:
„Коза има во секоја месарница во Италија. Ова не е скандал.“