Директорот на клиничкиот центар во Загреб загинал на работното место

Директорот на Клиничкиот болнички центар (КБЦ Загреб – Ребро) Анте Ќорушиќ починал денеска при пад во болницата, јавија хрватските медиуми.

„Можам да ви потврдам, човекот е мртов. Страшно“, кратко изјави за Индекс Миливој Новак, заменик директор на Ребро.

Полицијата е во болницата Ребро каде ги утврдува околностите на овој немил настан, а неофицијално се дознава дека Ќорушиќ починал на лице место.

КБЦ Загреб е единствената болница во земјата со статус на Национална болница. Обезбедува најголем број услуги во сите области на медицината и се достапни за лекување на сите граѓани на Република Хрватска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни