Со толку многу филтри и апликации за уредување фотографии, тешко е да се каже што е реално, а што не е на социјалните мрежи овие денови. И покрај се побрзиот развој на вештачката интелигенција – предизвиците допрва доаѓаат.
Токму во вештачката интелигенција поединците пронајдоа нов бизнис модел – да создадат свет на малку облечени жени кои ги изневеруваат мажите за пари.
На почетокот на оваа недела, 19-годишната русокоса убавица, позната како Мила Софија, се најде на насловните страници кога се дозна дека е вештачки создадена, пренесува Дејли Мејл.
Оттогаш, откриени се десетици дигитални инфлуенсери на Instagram, TikTok и Twitter/X, често со лажни имиња и разработени минато, работни места и интереси. Фотографиите генерирани со вештачка интелигенција ги прикажуваат на лажни одмори.
Овие ѕвезди во подем – кои колективно имаат стотици илјади следбеници – добиваат внимание и пари од вистински мажи.
Андреа е убавица бринета со повеќе од 30.000 следбеници на Twitter/X кои ги коментираат нејзините фотографии. На нејзиниот профил може да се најде и нејзината сметка на PayPal, а таа нуди приватни слики за претплатниците на Patreon.
Do you like this outfit?🤭🤭😋 pic.twitter.com/DDYLCIRNNF
— Andrea 🥰 (@andreaangxl) July 15, 2023
Patreon-от на Андреа нуди платен разговор со неа и за 300 долари месечно, таа „во основа ќе биде нечија онлајн девојка“.
Од друга страна, Мила Софија е има аспирации да биде модел, а во нејзиното портфолио има фотографии од сончање на Бора Бора, како ужива на плажа во Грција или работи во канцеларија.
Се појави на насловните страници оваа недела откако Futurism откри дека постои само во виртуелниот свет.
Уште порано се знаеше дека некои „личности“, генерирани од вештачката интелигенција, како што е Микела Суса, всушност се маркетиншки трикови кои им донеле вистинско богатство на нивните креатори.
Микела глумеше во рекламни кампањи за големи брендови како Прада и Баленсијага, беше интервјуирана од Вог и беше прогласена за една од 25-те највлијателни луѓе на Интернет на магазинот Тајм.
Таа е замисла на Тревор Мекфедрис и Сара ДеКу, основачи на модниот бренд BRUD, кои ја „оживеаја“ тинејџерката со вештачка интелигенција во 2019 година.
На почетокот, неговите нејзините сакаа да ги задеваат следбениците и да профитираат од конфузијата.
„Дали таа е човечко суштество“, праша еден вознемирен корисник на Инстаграм.
Друг бараше:
„Зошто изгледаш како кукла?
Други дошле до заклучок дека не станува збор за вистинска девојка туку за робот.
На крајот на фановите им беше кажана вистината или барем дел од неа.
„Јас не сум човек“, признала Микаела на својата страница. А потоа додала дека „рацете ѝ се тресеа додека го пишува постот“.
Микела, сепак, можеби не е толку убедлива како најновите модели создадени од вештачката интелигенција, пишува Дејли Мејл.
Повеќето инфлуенсери со вештачка интелигенција имаат големи гради и се русокоси – само неколку од нив, кои досега ги открија медиумите, се бринети.
Една виртуелна инфлуенсерка по име Дејна Ритер не го крие фактот дека не постои во реалниот свет, но не се срами да бара пари од обожавателите.
Креаторот постави CashApp линк, на кој следбениците може да ѝ купат кафе. Дана тврди дека е од Сиетл, Вашингтон и има над 92.000 следбеници на Twitter/X.
Додека синооката русокоса има убава насмевка, некои од нејзините слики непогрешливо покажуваат дека девојката не е вистинска. Во некои од нив лицето и е исцртано, а прстите се виткаат на неприроден начин.
Midjourny, Stable Diffusion и DALL-E 2 се само неколку од системите за генерирање слики што ги користат креаторите на ваквите девојки базирани на вештачката интелигенција.
Извор: N1