Детали од проектот од кој се плаши половина Америка, програмата е напишана на 900 страници: „Глад за 40 милиони луѓе“ абортусот ќе биде нелегален… 

Забрана за абортус, отежнат пристап до контрацепција, депортација на околу 22 милиони луѓе, зголемување на цените на лековите, укинување на бесплатните училишни оброци и драстично намалување на буџетот за програмата за помош во храна во глад ќе турне  во глад дури 40 милиони луѓе. 

Ова е тоа што ги чека Американците во следните четири години доколку Доналд Трамп одлучи да го следи планот што го подготви десницата,  „Проектот 2025“. Политичкиот рецепт на Фондацијата Херитиџ на 900 страници детално опишува како републиканскиот претседател ќе преземе директна контрола врз целата државна бирократија, вклучително и независни агенции како што е Министерството за правда, со што се планира да се отпуштат 50.000 државни службеници и на нивно место да бидат вработени 20.000 лојалисти на МАГА. 

Експертите велат дека тоа ќе биде крај на Соединетите Држави какви што ги знаеме и и почеток на една авторитарна држава во која јавната администрација ќе ја водат послушни државни службеници и вработени подредени на волјата на една личност. 

Реформата на јавната администрација, предвидува промени во правилата за прекувремена работа, конкретно намалување на дополнителните бенефиции како што се бонуси и заштита од прекувремена работа, кои ги штитат работниците и обезбедуваат тие да бидат фер платени за прекувремените часови. 

Сето ова во крајна линија би значело полесно отпуштање на работниците од политички причини, а помалку поради нивната работна ефикасност или потребите на позицијата. На дневен ред ќе биде и јавната едукација. 

Ќе се укине Министерството за образование, а ќе се укине и програмата Head Start која го поддржува учењето и стекнувањето социјални вештини за децата од семејства со ниски приходи. Наместо да одат во училишта, кои им помагаат на учениците да станат критични и информирани граѓани во општеството, федералните пари ќе одат повеќе кај родителите за да можат да останат дома и да се грижат за своите деца. 

Крајната желба на конзервативците кои го дизајнираа Проектот 2025 е жените да останат дома и да се фокусираат на одгледување деца, наместо да учествуваат во работната сила или да користат владини услуги за згрижување деца. 

Во САД, порнографијата исто така може да биде забранета а луѓето и компаниите кои ја произведуваат да бидат кривично гонети, TikTok и другите кинески апликации би можеле да бидат забранет. Одделот за домашна безбедност може да се распушти а поголеми овластувања за тоа како да се запре влезот на илегалците, односно мигрантите би му се  препуштиле на претседателот на државата. 

Со програмата на десничарите, и животната средина нема да биде поштедена. Ќе биде загрозена со  Програмата 2025 бидејќи во неа се планира да се прошири програмата за дупчење нафта и природен гас на копно и на морињата. Исто така богатите поединци и организации ќе имаат поголемо влијание на изборите бидејќи ќе се зголеми лимитот за донации во кампањата и ќе се намалат антикорупциските мерки; ќе се затвори и Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура, клучна во борбата против дезинформациите и изборната заштита, што ќе им овозможи на злонамерните актери да манипулираат со медиумите, да ја искривуваат вистината и дополнително да ги продлабочат поделбите во општеството. 

Иако Доналд Трамп се обиде да се дистанцира од Проектот 2025, факт е дека повеќе од половина од авторите на овој план се луѓе кои биле клучни членови на неговата прва администрација. Ново  стариот претседател веројатно нема да ги усвои сите овие точки, но сигурно ќе спроведе некои од нив, особено оние кои се однесуваат на намалувањето на јавните расходи и приватизацијата на секторот за јавни услуги. Ако првиот мандат на Трамп ве исплаши, неговиот втор може да ви ги залади коските, пишуваат американските медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни