Денес е вториот ден од конклавата: Во текот на утрото се можни две гласања за новиот папа

Кардиналите вчера започнаа со избор на нов лидер за 1,4 милијарди католици во светот. Навечер од специјално поставениот оџак, видлив од Плоштадот Свети Петар во Ватикан, се издигна црн чад, што сигнализира дека нов папа не е избран.
epaselect epa12081813 Black smoke comes out of the chimney on the roof of the Sistine Chapel on the first day of the conclave to elect a new pope in Vatican City, 07 May 2025. EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Најголемата конклава во историјата на Католичката црква продолжува денес, кога може да се одржат четири круга на гласање, со оглед на тоа што вчера, како што и се очекуваше, не беше избран нов папа по едно гласање.

Папата Франциско, родум од Аргентина, кој почина во април, беше избран на крајот од вториот ден, по пет круга на гласање. Осум години порано, исто така беа потребни два дена за Германецот Бенедикт XVI да биде избран за папа.

Кардиналите вчера започнаа со избор на нов лидер за 1,4 милијарди католици во светот. Навечер од специјално поставениот оџак, видлив од Плоштадот Свети Петар во Ватикан, се издигна црн чад, што сигнализира дека нов папа не е избран.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни